Во крводарителска акција во Дебар собрани 29 крвни единици

Од:

Дебарската организација на Црвениот крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје денеска спроведе крводарителна акција.

– Во оваа шеста акција за годинава, да ја даруваат драгоцената течност што живот значи се пријавија четиресетина, а крв даруваа 29 лица. Поради тоа и оваа акција може слободно да ја вброиме во низата успешни крводарителски акции. Во шесте досега спроведени акции прибрани се 297 крвни единици, истакна Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Според него, до крајот на годинава ќе има уште шест редовни и една вонредна крводарителска акција. Вонредната акција традиционално се организира кон крајот на јули или првите денови од август, кога во родниот крај масовно е присуството на печалбарите.

Годишниот план, кој е проектиран на 744 крвни единици, веќе со години не само што целосно се исполнува, туку се надминува во просек за над 10 отсто.

Би можело да ве интересира

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници