Во Крива Паланка зголемени цените на комуналните услуги

Од:

Граѓаните на Крива Паланка непријатно се изненадени од веста за енормно зголемување на комуналните услуги и тоа на само два месеци по локалните избори.

Велат дека вакво однесување од локалната власт не очекувале.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски реши сите комунални услуги да се зголемат неколкукратно, на штета на и онака тенкиот буџет на граѓаните.

Така, водата од 17 е зголемена на 24 денари или за 41 %. Водата за стопанството е зголемена од 26 на 38 денари (46%), ѓубрарината е покачена од 143 на 230 денари. Канализацијата е покачена за 50 %, гробарината е покачена од 300 на неверојатни 500 денари, се на се кривопаланчани од денес па натаму ке плаќаат повисоки сметки за 55 %.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски