А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Крива Паланка започна проектот „Грижа за стари лица“

by А1он03/10/2017 - 11:32138
Share0

Со воведна обука за ангажираните од страна на стручни лица, општина Крива Паланка денеска го означи официјалниот почеток на проектот „Грижа за стари лица“.

Добивај вести на вибер

Координаторот на проектот, Елена Христовска, им посака успешна работа на ангажираните невработени лица од општината најавувајќи ги серијата обуки неделава со кои истите ќе бидат воведени во ангажманот.

– На официјалниот почеток на проектот обука одржаа доктор од Итната медицинска помош, медицинска сестра од лабораториата за дијабет од Здарвсвен дом, Крива Паланка, а обука за пристапот кон старите лица одржаа и претставник од општинската администрација и претставник од Меѓуопштински центар за социјални работи. Во текот на неделата е предвидена уште една обука од страна на Општинската организација на Црвениот Крст, изјави кооринаторот Христовска.

По двете обуки, ангажираните лица ќе излезат на терен, во посета и давање социјални услуги на крајните корисници.

– Општина Крива Паланка е носител на проектот и учествува со сопствени средства за да може тој да се дореализира. Проектот оваа година ќе се реализира по втор пат на територија на општината, а ќе бидат вклучени 15 лица – даватели ан услуга и 130 корисници, стари и изнемоштени лица, жени, во девет рурални населби: Жидилово, Узем, Костур, Станци, Конопница, Мождивњак, Тлминци и Длабочица. Списокот на корисниците не е затворен може да се надополнува ако некој сака да биде опфатен со услугите, рече Христовска.

Проектот „Грижа за стари лица“ е во рамки на програмата општинско-корисна работа, а е поддржан од Организацијата за развој на Обединетите нации – УНДП, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика.

Проектните активности ќе траат до крајот на март 2018 година. Ангажираните лица ќе даваат социјални услуги во домашни услови по 20 часа неделно од типот: мерење крвен притисок, мерење на шеќер во крвта, физиотерапевтска масажа, психолошка поддршка, услуги од прехрамбената струка и други услуги предвидени во рамки на проектот.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:2326/02/2026 - 15:08

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он21/02/2026 - 17:06

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен