Во Крива Паланка три пожари за едно деноноќие

Од:

Кривопаланечките пожарникари вчера интервенирале на три пожари, од кои два се случиле во исто време, околу 16 часот, додека едниот на пладне.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, Иле Коцевски информира дека во трите пожари изгореле седум декари дабова шума и половина декар сува трева.

Сите три пожари се во приградскиот реон.

– Вчера околу пладне на магистралниот пат М2, Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир кај местото Пашина воденица запалена е сува трева. На пожарот интервенираше екипа со двајца пожарникари кои за 15-тина минути го ликвидираа пожарот, изјави Коцевски.

Околу 16 часот во ТППЕ Крива Паланка примени се две дојави за пожар.

– Првата дојава е за запалена куќа во село Длабочица, стара падната куќа од која се потпалила и околната дабова шума, при што изгореле околу пет декари шума. Интервенирано е со едно возило и четворица пожарникари. Втората дојава околу 16:30 часот е за запалена млада дабова шума во село Мартиница. Во гасењето на пожарот учествуваа двајца пожарникари, еден шумочувар и еден граѓанин, а опожарени се два декари шума, додава Коцевски.

Согласно законските прописи доколку се фатат лицата кои намерно или од невнимание предизвикуваат пожар покрај прекршочна казна за плаќање должни се и да ја надоместат направената штета.

– Апелирам до месното население да не пали стрништа, да не пали оган на отворено бидејќи самите временски услови, како и големите количини собран горлив материјал од чистење на имотите, допринесуваат пожарот брзо да се шири и се предизвикува голема или ненадомествилва материјална штета, додава Коцевски.

Казните за предизвикување пожар се високи и можат да достигнат и до 3.000 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

Голем пожар во атарот на селото Ваксинце, во близина на складот за гориво Мак-Петрол

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Пожар кај селото Јосифово, огнот брзо се шири кон населеното место

Горан Наумовски