На денешната крводарителска акција која се одржа во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, собрани се вкупно 90 крвни единици.
Акцијата ја реализира Општинска организација на Црвен Крас, Крива Паланка во соработка со Институт за трансфузиона медицина, Скопје.
– Ова е прва крводарителска акција месецов, но и прва од вкупно шесте од почетокот на годинава на која се собрани толкав голем број единици крв,дури 90, а исто така и една од ретките на кои имаме дури 21 од вкупниот број дарители кои за прв пат даруваат крв, изјави Дарко Пршовски секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Според него, соработката со кривопаланечкото средно училиште е традиционална и секогаш успешна,а голем број крводарители прв пат станале дарители на скапоцената течност токму бо средношколските денови.
Покрај денешните 90 единици крв, вклучувајќи ги и собраните 70 единици крв од акцијата одржана на 30 април во општината, во Крива Паланка се собрани вкупно 160 крвни единици за само три дена.