Во Крива Паланка собрани 38 единици крв

Од:

На денешната крводарителска акција која се одржа во големата сала на локалната самоуправа на општина Крива Паланка собрани се триесет и осум единици крв.

Акцијата е во организација на Црвен крст, Крива Паланка, а се реализира во соработка со Институт за трансфузиска медицина, Скопје.

– И покрај топлото време одзивот на граѓаните е одличен, со оглед на паузата која ја направивме поради создадени залихи во институтот. Сите хумани граѓани кои даруваа крв на акцијата добија и бесплатни биохемиски анализи, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Заклучно со денешната, десетта по ред акција годинава, според него, на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце досега се собрани вкупно 489 крвни единици.

Одговорните ја најавија и следната акција месецов, која ќе се одржи во општина Ранковце.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски