Во Крива Паланка собрани 34 единици крв

Од:

На денешната крводарителска акција одржана во месната заедница во село Петралица, општина Ранковце, собрани се 34 единици крв.

– Акцијата е прва за 2017 година, а традиционална. Задоволни сме од одѕивот на хуманите граѓани кои и покрај лошите временски услови, врнежите од снег и студот, ја даруваа драгоцената течност, изјави Дарко Пешовски, секретар на Општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка.

Следната крводарителска акција во сооработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје ќе се одржи за три дена, на 17-ти јануари, во големата сала на локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

– Со Годишниот план за крводарувања проектирани се 711 крвни единици. Планот редовно го натфрламе, се надевам така ќе биде и годинава, додаде Пешовски.

На 25 крводарителски акции одржани на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце во 2016 година беа собрани 1029 единици крв.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски