Во Крива Паланка се одржа работилница „Референдум за сите“

Од:

Во Крива Паланка денеска се одржа работилница со лица со пречки во развозојот која ја организираше Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

На работлницата во рамки на проектот „Референдум за сите“ поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество присуствуваа триесетина лица од општината со попреченост, ментална и физичка, кои проследија обуки поврзани со изборното право и непречено остварување на истото.

– Лицата се дел од обуките кои ние како здружение во претстојнито перидо во соработка со Државна изборна комисија ќе ги спроведуваме низ целата држава. Лицата проследија обуки за политичко и изборно право на лицата со попреченост според конвенцијата на Обединетите нации, презентација на ивборен законик, правилници и упатства, бариери за учество на лицата со попреченост во политичките и изборните процеси, заложби во однос на подобрување на гласачкото право на лицата со попреченост, референдум и право на избор, а им беа претставени и алатките и материјалите за поддршка на лицата со попреченост при остварување на гласачкото право, информира Благица Димитровска, координатор на проектот од „Инклузива“.

– Изразувањето на желбата и правото на глас на секој граѓанин е загарантирано право за секој поединец во општеството, не треба и не смее да биде ускратено по никој основ и сите институции треба да го овозможат непреченото остварување на тоа право, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

„Инклузива“ ќе биде акредитирана организација која ќе го следи изборниот процес од страна на попреченоста.

– Имаме 40 набљудувачи од кои 80 отсто се лица со попреченост, имаме и од Крива Паланка набљудувач, така што ќе добиваме релевантни податоци од терен за состојбите. Шаблонот за гласање се подобрува според нашите спецификации и ќе има граничник за гласање на лицата со попреченост, додаде Димитровска.

Активности од проектот „Референдум за сите“ ќе се реализираат во повеќе општини до Македонија.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски