Во Крива Паланка промовирана книга за „Бунтот на моторизиранито пешадиски батаљон од Кривопаланечко“

Од:

На патрониот ден на Организацијата на резервни офицери на Македонија 11 март, и денот на ОО на ОРОРМ – Крива Паланка, денеска во Центарот за култура во овој град беше промовирана книгата „Бунтот на моторизираниот пешадиски баталјон од кривопаланечко против учеството во граѓанската војна во Југославија во 1991 година“ на авторот професор д-р Ѓорги Малковски, претседател на ОРОРМ.

– Во нашата понова историја на Македонија досега не е посветено внимание на еден многу значаен настан како што е бунтот на кривопаланечкиот баталјон во 1991 година. Кога од припадниците на ОРОРМ, Крива Паланка дознав за овој настан, бев изненаден зошто досега за истиот не е покрената иницијатива систематски и објективно да се разработи. Во книгата, јас пишувам врз база на веродостојни искази на живи сведоци, директни учесници во чинот, кој е значаен не за тие кои биле учесници, туку за генерациите кои доаѓаат, за историјата и посебно, за воената историја и за Армијата на РМ оти се работело за прв бунт во сеуште постојната тогашна СФР Југославија против тогашната моќна ЈНА, рече Малковски во обраќањето.

Книгата, како што кажа промоторот Марјан Ивановски, според научната практика, претставува извонреден материјал, зашто е пишуван од искази на директни учесници, на база на нивното субјективно доживување.

Оваа книга е издадена на иницијатива на Веселин Стојановски, делегат во во Собранието на ОРОРМ и командант на тогашниот моторизиран баталјон.

– Благодарение на пожртвуваноста, истрајноста и доследноста на сите припадници на батаљонот, бунтот успеа, под моја команда, а тогашните 721 припадник на батаљонот не замина на воените жаришта на боиштата во Хрватска, со што беше поставен ‘ркулецот на Армијата на Република Македонија, рече резервниот командант Веселин Стојановски.

На промоцијата присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и воодстопанство Љупчо Николовски, пратеничката во Собранието на РМ Слаѓана Митовска, градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, претставници од АРМ и бројни гости од соседните општини.

Градоначалникот на Крива Паланка Мицевски, рече дека историската улога на резервистите и нивното мудро „не“ се вистински пример за умешноста и тактичноста на воените сили во одлучувачките моменти за сопствената држава, со која се поставени основите на демократичноста и сувереноста на државата.

Патрон празникот на Општинската единица на организација на резервни офицери на Македонија од Крива Паланка и празникот на ОРОРМ, 11 март, утринава беше одбележан со пригодна средба на граничната караула Рамна Нива кај село Узем, каде претставници и делегации на ОЕ на ОРОРМ, локалната сампоуправа на Крива Паланка и делегација на ОРОРМ.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот