А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Крива Паланка проект „Произведувај органски-пакувај еколошки“

by А1он21/10/2016 - 10:14136
Share0

Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка ќе имплементира прекуграничен проект со Бугарија за еколошко пакување органска храна.

Добивај вести на вибер

Еден од 45-те проекти од првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија во рамки на ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка е и проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“ на Граѓанскиот центар за одржлив развој, ЕГРИ, од Крива Паланка.

Проектот ќе се имплементира со буџет од околу 78.000 евра во рамки на следните 15 месеци.

– Во рамки на проектот ќе се спроведат едукативни сесии за населението од Североисточниот плански регион во Македонија и Ќустендилска област во Бугарија за процесот на производство органска храна, обука за трансформирање од традиционален во органски еко-начин на пакување производи и ќе се врши педологија, мапирање наземјиштето погодно за овој тип производство, информираат од ГЦОР „ЕГРИ“, Крива Паланка.

Предавањата и обуките ќе ги вршат професори и експерти од Факултет за земјоделство и храна, Скопје и Бугарски земјоделски факултет од Софија. Со проектот ќе биде изготвен и буквар од „Од нула до органско производство“ наменет заземјоделците, а предвидено е и роад-шоу за промоциј на органско производство.

Договорот за имплементација беше врачен на 19-ти овој месец, на свечена церемонија во Софија, на која присуствуваазаменикот министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов и бугарската заменичка министерка за регионален развој и јавни работи, Деница Николова.

На настанот беа врачени вкупно 45 договори во вредност од 10,5 милиони евра кои општините од Североисточниот, Источниот и Југоисточниот регион од Македонија ќе ги реализираат со партнер-општините од Бугарскиот пограничен регион. Петнаесет отсто од кофинансирањето за проектите од македонска страна го обезбедува Министерството за локална самоуправа.

Општина Крива Паланка ќе биде застапена со два проекти, покрај „ЕГРИ“, проект со европски средства ќе имплементира и Регионален центар за соработка „СПЕКТАР“. Во Североисточниот плански регион на Македонија со првиот повик на ИПА се поддржани и проекти на општина Ранковце и општина Липково.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 17:10

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски27/07/2025 - 12:2527/07/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:45

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

Горан Наумовски09/07/2025 - 20:58

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Горан Наумовски09/07/2025 - 18:23

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Горан Наумовски09/07/2025 - 15:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен