Во Крива Паланка потпишан договор за пешачко-рекреативна патека

Од:

Во просториите на општина Крива Паланка градоначалнкот Борјанчо Мицевски и изведувачот на градежни работи „Белешков инженеринг ДООЕЛ“ денеска го потпишаа договрот за изградба на пешачко-рекреативна патека во должина од 868 метри.

Патеката ќе биде изградена по трасата на поранешната вада, во шумскиот предел со видик над градот, а ќе се гради во рамки на проектот „Туризам без граници“, кој општина Крива Паланка го имплементира со општина Витина, Република Косово, во рамки на ИПА-Програмата за прекугранична соработка со дел финансиран од општината.

– Патеката ќе се гради по течение на т.н „стара вада“, а покрај пешачко-рекреативна патека на периферијата од урбаниот дел на високата зона-левиот брег од градот, предвидено е да се изградат и два видиковци, како и да биде поставена урбана опрема, информира Јорданчо Миневски, координатор на проектот.

Рокот за изградба е четири месеци, а вкупната вредност на инвестицијата е 5.172.954 денари.

– Проектот е со вредност од 83,5 илјади евра, а трае од јануари годинава до јули 2019 година. Со проектот во општина Витина, исто така, ќе бидат извршени инфраструктурни проекти за пет објекти во насока на промоција на туризмот, додава Миневски.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски