А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Крива Паланка положено цвеќе по повод Денот на ослободување на градот

by А1он08/10/2017 - 16:30281
Share0

Со полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба пред зградата на локалната самоуправа на општина Крива Паланка денеска беше одбележан празникот на градот, 8 Октомври Денот на ослободување од окупаторот.

Добивај вести на вибер

Цвеќе положија делегации од општинскиот Сојуз на борци и општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски.

– Нека е честит и вековит празникот на градот и секогаш да празнуваме во мир и благосостојба, рече Алексовски.

Милевка Николиќ од Сојузот на борци, дете на првоборе, порача младите со пиетет да се однесуваат кон предците, кон борците и бранителите, кон сите кои ги положиле животите за денешната слобода и независност.

– Празниците како денешниот се денови во кои се навраќаме на минатото за кое говориме со почит, а се моменти кои не потсетуваат дека иднината зависи од нас и од она што на младите поколенија ќе им го пренесеме како аманет,за да и тие и оние после нив генерации чекорат со гордо крената глава, рече Николиќ.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:2326/02/2026 - 15:08

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он21/02/2026 - 17:06

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен