Во Крива Паланка одбележан Светски ден на борба против туберкулоза

Од:

Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка се вклучи во одбележувањето на 24 март- Светски ден на борба против туберкулоза со едукативни работилници за подигнување на свеста за туберкулозата.

Волонтери на ОО Црвен крст изминатиов период спроведоа десет работилници за едукација на популацијата од општините Крива Паланка и Ранковце.

– На работилниците беа образложени важните и често погрешно разбрани факти за туберкулозата кои се причина луѓето да не бараат третман,а истите се и бариера во напорите за намалување на стигматизацијата на инфектираните од ова заболување. Целта на ваквите едукативни сесии е пред се да се надминат митовите и недоразбирањата за ТБ и да се подобрат комуникацијата и информираноста, изјави Слаѓана Вучевска-Петковска, професор по биологија, волонтер на Црвен крст.

Спроведените работилници се одржани во соработка со основните и средни училишта во двете општини, како и со локалните општествени чинители.

– Едуцирани се околу двесте лица од ромска популација, родители на ученици од средно општинско училиште „Ѓорче Петров“, околу 120 лица, жители на населбата „Единство“ од Крива Паланка и население од Ромска националност од Ранковце, додава Вучевска-Петковска.

Мотото на годинашното одбележување на Светскиот ден за борба против оваа болест е „Со здружени сили да и ставиме крај на туберкулозата“.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски