Во Крива Паланка одбележан Денот на Европа

Од:

Со мултимедијален хепенинг што се одржа во Центарот за култура во Крива Паланка беше одбележан 9 Мај – Денот на Европа. Годинашната прослава беше во чест на 60- годишнината од Римскиот договор, а настанот го огранизираше ЕУ –инфо точката која функционира при општината.

На настанот присуствуваа претставници на институции, граѓани и гости од Литванија, Шпанија, Португалија, Бугарија и Полска, партнери на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ во проектот „Моја мала Европа“ финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ.

– Општина Крива Паланка, како член на ЕУ-Инфо-мрежата со ЕУ-инфо-точката формирана 2013 година, е дел од останатите градови во државата кои со денешните настани организирани по повод Денот на Европа 2017, ја прославуваат европската идеја на локално ниво. Деветти мај е еден од најзначајните датуми на најстариот континент. Овој ден го прославува единството и мирот, а во име на европскиот дух славиме денес и чест ми е што овде се присутни и нашите пријатели од пет европски држави заедно со музика, песна и уметност да го прославиме датумот кој ги обединува различните култури, вредности и придобивки на социјален, образовен, културен и економски план, рече Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.

Во програмата учествуваа ученици од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и трите фолклорни друштва „8 Октомври“, „Карпош“ и „Фолклористи“. Покрај музичкиот дел, повеќечасовниот перформанс понуди и ликовни активности во фоајето и изложбениот галериски простор што ги реализираа членовите на ликовното студио при Центарот за култура.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски