Во Крива Паланка младински платформи за заштита на природата

Од:

Извидничкиот одред „Наум Наумовски-Борче“, Крива Паланка со триесетина младинци од општината одржа работилница за лидери кои ќе учествуваат во имплементацијата на проектот „Младински платформи за одржлива заштита на природата“.

Проектот е финансиски поддржан од локалната самоуправа на општина Крива Паланка со средства до Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2018 година.

– Со оваа работилница официјално ја отпочнавме и имплементацијата на проектот, кој на стартот предвидува две главни тематски активности со: формирање тим, анимирање и екипирање соодветни учесници на платформата, работилница за лидери и одбирање лидери за имплементација, креирање лого и други иницијални подактивности, истакна Соња Ангеловска од ИО „Н.Н.Борче“.

Рече, периодов ќе биде извршено запознавање на лидерите со Осоговскиот плански регион и со можностите за планински и селски туризам.

– Понатамошните активности ќе опфатат донесување низа мерки и предлози за зачувување на природата на високо-еколошко ниво, што е и главна цел на самиот проект, кој треба да иницира, поттикне и развие високо развиена свест за екологија кај младите, идни градители на заедницата, додава Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски