Во Крива Паланка координативен состанок за зимско одржување

Од:

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка одржа координативен состанок помеѓу службите и институциите во општината задолжени за зимско одржување на улици, тротоари и локални патишта во општината за претстојната сезона.

– Не би сакал се случи снегот да не затекне не подготвени, затоа на состанокот донесовме одлука за преземање на сите мерки за навремено да се реагира во случај на голомразица на патиштата и врнежи од снег, за да се организира квалитетно и навремено одржување на локалната патна мрежа, изјави Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.

На состанокот беше презентирана Програмата за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Крива Паланка, а изнесени беа и планираните подготовки за спроведување на зимското одржување во оваа сезона за 2017/18.

– Предлагам во претстојниот период да се провери состојбата со функционирање на кризните штабови, подрачниот и општинскиот, и да се преземат мерки за нивно комплетирање и доопремување, рече Зоки Павловски, раководител на Подрачно одделение на Дирекција за заштита и спасување, Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка