Во Крива Паланка ќе се уредува прв извиднички музеј во регионот

Од:

Раководните лица од извиднички одред „Наум Наумовски-Борче“ најавија дека до крајот на септември годинава ќе биде уреден извиднички музеј во Крива Паланка, прв од таков вид во Република Македонија и регионот на западен Балкан.

Активностите се дел од проектот „Внатрешно уредување на извиднички музеј во Крива Паланка“ кој ќе трае од 1 јуни до 30 септември 2018 година, а е финансиран од „Центар за современа уметност- Скопје“ .

– Музејот ќе опфати уредување на музејска просторија во која ќе бидат изложени фотографии од 1960 година, од формирање на одредот, до ден денес, оригиналниот записник – документ од основање на одредот, дипломи, благодарници, пофалници, пехари, значки, знамиња, извиднички марами, плакети и останати важни документи и предмети од работењето на одредот во изминатите шест децении, информира Соња Ангеловска од ИО „Наум Н. Борче“.

Главен изведувач на активностите е Центар за современа уметност, кој финансира 48.000 денари за реализација на проектот во соработка со ИО „Н.Н. Борче“.

– Тековно, одредот започна со имплементација на проектните активнсоти од „Младинска платформа за одржлива заштита на природата“ што ќе се спроведува во следнитe пет месеци, додава Ангеловска.

Проектот е поддржан со грант од локалната самоуправа на општина Крива Паланка о рамки на програмата за поддршка на граѓански здруженија и фондации до оптшината за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски