Во Крива Паланка и Ранковце 110 барања за бесплатен викенд и бања

Од:

Пензионерите од Крива Паланка и Ранковце пројавиле голем интерес за аплицирање за користење на услугите од проектите за бесплатен викенд и бањско -климатска рекреација. Од 23 минатиот месец досега во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива Паланка се поднесени 110 барања.

– Заклучно со вчера до нашите служби поднесени се вкупно 110 барања за користење бесплатна бања и викенд. Дневно се поднесуваат 10-15 барања, во кои заинтересираните пензионери потполнуваат која од услугите сакаат да ја користат, или викенд или бесплатна бањско-климатска рекреација, изјави Биљана Ивановска, раководител на филијала на ПИОМ, Крива Паланка.

Лани биле поднесени 151 барање, а одобрени 61.

– Поднесувањето барања за услуги од двата проекта е заклучно со 20-ти февруари, до крајот на овој месец пензионерите со одобрени барања ќе добијат известување на домашна адреса, а од март ќе бидат распоредени за користење на услугите, тековно во повеќе смени- периоди, додаде Ивановска.

Проектот за бесплатна бањско климатска рекреација за пензионери почна во 2010 година и досега услугите од истиот, бесплатна во Катлановска бања ги искористиле 502 лица од Крива Паланка и Ранковце, додека проектот бесплатен викенд се реализира трета година и досега 68 пензионери од двете општини ја искористиле оваа услуга.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски