Во Крива Паланка два пожари на запалени оџаци

Од:

Од почетокот на годинава кривопаланечките пожарникари бележат три интервенции од кои две на запалени оџаци. Пожарникарите потсетуваат дека треба да се врши чистење на оџаци два пати во текот на грејната сезона и дополнително уште еднаш кога не се затоплуваат домовите.

– Месецов интервениравме на три пожари, еден на запалено патничко моторно возило, додека два за запален оџак. Од нив, едниот беше за запален оџак во колективна стамбена зграда, а вториот за запален димоводен канал на приватен објект каде е причинета голема материјална штета, над 100.00 денари, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Апелираше согласно правилникот издаден од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, сите приватни лица да вршат чистење на оџаци два пати во текот на грејна сезона и дополнително уште еднаш вон период на затоплување на домовите.

– Во јавните претпријатија каде има ложишта, односно, парни котли, чистење оџаци треба да се врши еднаш месечно. Тоа е во надлежност на ДЗС која врши контрола и проверка на исправноста на оџаците. Новина во Законот за заштита и спасување е што инспекторите при увид на пожари на објекти можат да поднесуваат пријави за неисчистени оџаци и во приватна сопственост, информира Коцевски.

Ова, како што рече, се должи на тоа што не се зема предвид само Законот за заштита од пожари туку и други закони за заштита на животната средина и други.

– Се надевам дека ова ќе дејствува како превентива да се чистат редовно и одржуваат сите оџаци, пред се, заради заштита на граѓаните-додаде Коцевски.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот