Во Крива Паланка дислоцирани минофрлачки гранати од Втората светска војна

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување, од локација кај спортската сала во близина на центарот во Крива Паланка, дислоцираше четири парчиња минофрлачки гранати од Втората светска војна, со калибар од 60 милиметри.

Акцијата, по претходна дојава од страна на Полициската станица од општа надлежност – Крива Паланка, ја спроведоа пиротехничарот Гоце Илиќ од Подрачното одделение за заштита и спасување Куманово и неговиот помошник асистент Тони Велиновски од Подрачното одделение за заштита и спасување-Крива Паланка, кои ги дислоцираа овие неексплодирани убојни средства, ги транспортираа и ги складираа во наменскиот магацин во с.Проевци,Куманово.

Дирекцијата за заштита и спасување, и покрај лимитираните ресурси, продолжува најпрофесионално да ги извршува своите задачи за заштита и спасување на населението.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски