А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Крива Паланка акција за собирање на комунален отпад

by А1он18/10/2014 - 10:5614/05/2015 - 15:44169
Share0

Масовна акција за собирање на комунален отпад, денеска, се спроведува во општина Крива Паланка, во рамките на проектот „Македонија без отпад“, поддржан  од Министерството за животна средина и од повеќе невладини организации здружени во Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Крива Паланка веќе трета година по ред во континуитет ја спорведува акцијата за собирање на комунален отпад, која годинава ќе се реализира на вкупно 15 локации. Целта е да се исчисти и собере отпадот фрлен на несоодветни места, во непосредна близина на живеалиштата на граѓаните, на местата кои се користат за одмор и рекреација и во речните регулациони корита, истакна градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Со акцијата е опфатено чистење на речните корита на Крива и Дурачка Река, околината на манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, повеќе локалитети во периферните населби, парковски површини, излетнички места и друго.

Во чистењето на комуналниот отпад  учествуваат вработените од општинската администрација, ЈП„Комуналец“, Дирекцијата за заштита и спасување, подрачните одделенија на министерствата, еколошките секции од образовните институции и граѓаните.

– Апелираме граѓаните правилно да постапуваат со комуналниот отпад и истиот да го фрлаат исклучиво во садовите за отпад. На овој начин ќе се подобри граѓанската свест и ќе се развијат механизми за подобро и полесно справување со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во општината, подвлекува Алексовски.

ekologija

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Горан Наумовски13/10/2026 - 17:58

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Горан Наумовски02/03/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски06/10/2025 - 13:4406/10/2025 - 13:52

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Горан Наумовски17/09/2025 - 19:07

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 11:1029/03/2025 - 11:56

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ06/11/2024 - 09:3510/11/2024 - 23:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео