Во КПУ Затвор – Скопје гласале преку 60 затвореници

Од:

Тековно и без проблеми се одвива гласањето во казнено-поправните установи низ земјава. Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица, од кои најголемиот број во КПУ Затвор-Скопје.

Претседателот на изборната комисија во КПУ Затвор – Скопје, Елвис Хајдар, за МИА информира дека гласачките места се отворени во седум часот утрово и гласањето се одвива без проблеми.

До 11 часот гласале 67 затвореници, додека тројца не гласале, бидејќи не биле на гласачкиот список.

Портпаролот на ДИК Љупка Гугуческа, на денешната прес-конфернеција, соопшти дека сите места се отворени навреме и гласањето во казнено-поправните установи тече без проблеми.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?