Во ковид центрите во земјава се лекуваат 467 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 193 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 467 и има околу 680 празни болнички кревети.

Поради намалениот број пациенти, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и 10 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 45 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 264 пациенти.

Во Битола се хоспитализирани 29 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има седум пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 47 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар девет, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациенти, во Кочани 11, во Кичево чест, Кавадарци осум, а во Гевгелија четири лица.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска