Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 515 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1237 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, исто како и на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 202 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 122 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти. На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 28 болни.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 722 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациенти позитивни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 82 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 22, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 25, Кавадарци 37, а во Гевгелија 12 лица.