Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 592 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 24 приеми, велат од Министерство за здравство.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 20 нови пациенти и 6 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти, соопштува Министерство за здравство.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица. На Клиниката за Детски болести има 21 пациент позитивен на Ковид-19 вирусот и 7 на ГАК .

Вкупно 592 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски