Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 67 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни и 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени двајца пациенти, информира Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 44 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 152 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни.

Вкупно 686 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од Министерство за здравство.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до осум часот имало 74 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопштува Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски