Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 64 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 31 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти, велат од Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 71 оздравен пациент. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 141 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни, соопштува Министерство за здравство.

Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска