Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 6 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало два приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.

Вкупно 151 пациент потврден и сомнителен за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, соопштува Министерството за здравство.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски