Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 59 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми, велат од Министерството за здравство.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и еден бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 262 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки, соопштува Министерство за здравство.

Вкупно 578 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението на МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски