Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 52 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 639 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 10 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 4 нови болни, а исто толку пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти, велат од Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 57 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 132 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и исто толку мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни, соопштува Министерство за здравство.

Вкупно 639 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 113 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски