Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 307 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти, информираат од Министерството за внатрешни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симптоми на коронавирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, се наведува во соопштението на МЗ.
Вкупно 307 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 44 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението на МЗ.