Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 3 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 100 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден, информира Министерство за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48 пациенти.
Вкупно 100 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од Министерство за здравство.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопштува Министерство за здравство.