Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 27 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 7 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени, известува Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 136 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни, соопшти Министерство за здравство.

Вкупно 398 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 337 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се наведува во соопштението на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска