Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало десет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника пет во текот на вчерашниот ден, велат од Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението на МЗ, во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 10 пациенти.

Вкупно 289 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 110 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Министерството за здравство потврди, повлечен е авансот за кинеската вакцина

Катерина Павлова-Николовска

11 починати и 305 нови случаи на Ковид-19

30 нови пациенти во ковид центрите во Скопје во последното деноноќие

Нè очекува епидемија на хронични заболувања и ментални болести, предупредува професорот Даниловски

Маја Илиевска-Пачемска

Пандов за „А1он“: Некој јави дека политичар седи во кафеаната, ќе си ја платам казната

Маја Илиевска-Пачемска

Кривични пријави за осум лица кои на граница покажале фалсификувани ПЦР-тестови