Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 6 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден, вели Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 54 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 70 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19, информира Министерство за здравство.

Вкупно 203 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска