Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало едем прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден, информира Министерство за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 35 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 62 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 72 пациенти, известува Министерство за здравство.
Вкупно 169 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението на Министерство за здравство.