Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 596 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1528 и има околу 550 празни болнички кревети во ковид центрите информираат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника. Во Козле не билe примени нови болни, а два пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 79 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 245 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 41 болен.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 932 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 76 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 95 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 98, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 37, Кавадарци 57, а во Гевгелија 22 лица.