Во ковид центрите во Скопје има 505 пациенти, голем дел на кислородна поддршка

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 505 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, четири во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени четири нови болни.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени двајца болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на
Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

Вкупно 505 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска