Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 463 пациенти. Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 818 и има околу 400 празни болнички кревети.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 лица. Во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 71 пациент.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 55 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациент, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 22, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот.