Во ковид центрите се лекуваат 317 лица, во Скопје само пет нови пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 131 лсе лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 317 и има околу 565 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 18 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 64
пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 186 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 34 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид центарот во Гостивар петмина, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациенти, во Кочани четворица, во Кичево седум, во Кавадарци има пет пациенти, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски