Во ковид-центрите има 806 пациенти, во Скопје хоспитализирани нови 22 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 340 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 806 и има околу 864 празни болнички кревети.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени пациенти и 2 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало еден прием. На Институтот за физикална медицина немало примени. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 112 пациент. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид 19 вирусот, а на ГАК нема позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 7 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 466 пациенти.

Во Битола се хоспитализирани 54 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 57 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 40, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациенти, во Кочани 20 во Кичево 10, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска