А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во „Кораби“ во Горно Седларце откриени танчерки и келнерки странски државјанки, со нерегулиран престој

by А1он03/01/2015 - 14:2403/01/2015 - 14:3096
Share0

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во акциска контрола во угостителскиот објект „Кораби“, лоциран во село Горно Седларце, општина Боговиње, управуван од страна на лицето З.Љ. (37), пронајде вкупно 16 девојки, кои работат во објектот како танчерки, келнерки и пејачки. Од нив, три се македонски и 13 странски државјанки.

Добивај вести на вибер

МВР денеска соопшти дека при контрола на документите утврдено е дека шест девојки, од кои пет од Албанија и една од Косово, немаат регулиран престој во Република Македонија односно четири девојки со потекло од Албанија, поседуваат активна забрана за влез во државата, додека една албанска и една косовска државјанка, немаат остварено регулиран влез.

Поради тоа, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал ќе поднесе кривична пријава против лицето З.Љ. за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Пријавениот делото го сторил на тој начин што иако знаел дека имаат забрана за влез во Македонија, ги прифатил, сместил и работно ги ангажирал како танчерки четири албански државјанки, а прифатил и една албанска и една косовска државјанка кои немаат остварено легален влез во Македонија, со цел стекнување на противправна имотна корист.

Странските државјанки се сместени во Центарот за странци и од страна на Секторот за гранични работи и миграции ќе им биде поднесена мерка „забрана за влез во Република Македонија“.

mvr

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен