Во контрола на ноќни клубови во Скопје, фатен бегалец баран со три потерници, пронајден кокаин

Од:

Полицијата, Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат ноќеска во период од полноќ до 4 часот наутро спровеле акција во угостителски објекти во Скопје во која било уапсено едно лица барано со три потерници, била пронајдена дрога, затекнати биле малолетници на кои им се служел алкохол.

– СВР Скопје, Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје. При контролата приведен е Д.К. кој се барал по три потерници. Затекнати се пет малолетни лица, а во еден од објектите бил пронајден кокаин. Констатирано е кривично дело по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на малолетници во угостителски објекти по 00.00 часот се наведува во соопштението од МВР.

Во дел од објектите било констатирано дека не се издаваат фискални сметки и дека се прекршува законот за пушење.

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар