Во Комисијата за политички систем треба да продолжи расправата по извештајот на СЈО

Од:

Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да продолжи расправата по Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Седницата вчера беше прекината поради немање деловнички можности за работа, откако специјалната јавна обвинителка Катица Jанева ја напушти седницата на Комисијата и најави дека ќе дојде само на Пленарната седница на која ќе биде разгледуван Извештајот за работата на СЈО.

Јанева рече дека не се враќа повеќе на седницата бидејќи пратениците и прават класичен мобинг.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела.

На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Во Собранието денеска седници ќе одржат и Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за култура, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На Комисијата за образование, наука и спорт на дневен ред е Предлог – закон за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија во второ читање и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за култура е Предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема „Оценка на состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион“. На Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Предлог – законот за дополнување на Законот за водостопанство во скратена постапка.

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа за Размена на искуства помеѓу жени политичари од Република Македонија и Северна Ирска и Комисијата за надворешна политика за Предлог – законот за ратификација на Спогодбата за соработка за прашања од областа на Европската интеграција, помеѓу Владата на Република Македонија, претставена од Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Косово, претставена од Министерството за европска интеграција.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он