Во Кочанско започна наводнителната сезона

Од:

Со зафаќањето на водите од Оризарска Река и со пуштањето во полињата во меснсота викана Раце – Оризарско и Лака и Старо Поле во Облешевско, започна годинешната наводнителна сезона во овој дел од државата. Во наредните денови ке се пушти водата од реките и водотеците и во дел од атарот на Кочанското Поле и Грдовци.

Од Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ од Кочани велат дека навреме се извршени подготовките за пролетната сеидба на оризот и останатите култури, со што се исчистени каналската и друга мрежа за наводнување на плињата.

– Наша цел е на стартот на наводнителаната сезона максимално да ги искоритиме водите од реките во Кочанско, посебно на Оризарска, Кочанска и Зрновска, со што ке го ублажиме недостигот на акумулирана вода во акумулацијата Калиманци. Со измените на годишниот план за наводнување поради лошата хидролошка состојба на теренот, планираните површини под ориз од 5.100 ха се намалени за 2.500 ха, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.

Лошата хидролошка состојба во изминатите месеци проднесе во акумулацијата Калиманци да се акумулираат само 30 милиони метри кубни вода, кои заедно со расположивите количини на вода по завршувањето на минатогодишната наводнителна сезона кои изнесуваа 35 милиони метри кубни вода, сега во Калиманци на располагање за цела наводнителна сезона стојат на располагање 65 милиони метри кубни вода, што не се доволни колични на вода за да успешно ја завршиме наводнителаната сезона, истакнува Гоцев.

Според него Водостопанство „Брегалница“ настојувало рестрикциите на оризовите поовршини да бидат сразмерно еднакви по атари, полиња и населни места. Површините кои се одбиени ќе бидат засеани со останати пролетни култури.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски