А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Кочанско над 100 хектари државно земјоделско земјиште под закуп

by А1он21/08/2017 - 12:57183
Share0

До 5. октомври трае огласот за закуп на 600 хектари државно земјоделско земјиште во осум региони – Виница, Битола, Гевгелија, Ресен, Струга, Кавадарци, Кратово и Кочани.

Добивај вести на вибер

Најголеми површини од 102 хектари се нудат во Кочани, и се наоѓаат во атарите на селата Оризари, Лепопелци и Соколарци, додека во општина Виница се нудат четити хектари државно земјиште кои се лоцирани во село Пекљани. Овие површини се наменети исклучиво за производство на земјоделски култури. Изборот на закупувачите ќе биде по пат на јавно наддавање, а времетраењето за користење на земјиштето ќе биде различно.

Почетната цена на закуп за еден хектар се утврдува во зависност од местоположбата и од катастарската класа и се движи од 15 до 120 евра. Предвидено е идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, парцелите да ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мора да достават и банкарска гаранција за учество на јавниот оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина.

kocani

Би можело да ве интересира

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 16:07

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски22/01/2026 - 18:2322/01/2026 - 18:45

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 11:56

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 19:3127/12/2025 - 19:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен