А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во кочанскиот регион големи штети од пролетниот мраз

by А1он27/04/2017 - 12:17133
Share0

Пролетниот мраз направи големи штети на лозовите и овошните насади и во кочанско. Комисиите за проценка на штетите на земјоделските култури во општината веќе втор ден се на терен за да направат увид на штетите од пролетниот мраз на лозовите и овошните насади.

Добивај вести на вибер

Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јордан Димитров изјави дека земјоделците и од Кочанско, како и од општините Зрновци и Чешиново Облешево имаат претрпено големи штети.

– Се работи за оштетувања кај овошните и лозови насади, кај кои штетата е 100 проценти. Од мразот штети претрпеа и вишните, сливите, јаболките, крушите, смоквите и калинките. Земјоделците од кочанскиот регион масовно пријавуваат штети во нашата подрачна единица, вели Димитров.

Тој информираше дека земјоделците од трите општини во кочанскиот регион штетите од мразот можат да ги пријавуваат до 15 мај, по што ќе се знае целосно претрпената штета по насади и површина. Потребно е да се достават пријави, трансакциска смета, имотен лист или договор за закуп.

kocani

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он12/02/2026 - 15:3912/02/2026 - 15:54

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 16:07

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски22/01/2026 - 18:2322/01/2026 - 18:45

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 11:56

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен