Во Кочани тројца кандидати за градоначалник

Од:

Општинските изборни комисии на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево ги потврдија листите за претстојните локални избори закажани за 15 октомври.

Во Кочани граѓаните ќе можат да се изјаснат помеѓу тројца кандидати за градоначалник и четири советнички листи. Во трката за градоначалничката функција СДСМ ќе оди со бизнисменот Николчо Илиев. ВМРО ДПМНЕ по трет пат ќе ја бара довербата од граѓаните за кандидатот Ратко Димитровски, а кандидат за градоначалник во Кочани е и Методи Јованов од СДПМ. Кочанци ќе можат да гласаат и за едно од четирите советнички листи – три од политички партии и коалиции и една независна листа.

Во Виница кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е Мартин Павлов, а на СДСМ Ивица Димитров. Во оваа општина ќе има две листи за советници од коалициите предводени од овие две партии.

За Зрновци ВМРО – ДПМНЕ го кандидираше Блаже Станков, а СДСМ – Ванчо Митев. Во оваа општина има и независен кандидат за градоначалник Мите Николов. Ќе се гласа за три советнички листи, две на политички партии и коалиции и една независна листа.

Во Чешиново-Облешево за градоначалник се кандидирани Горан Зашов од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Крстев од СДСМ. ОИК потврди и две советнички листи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски