Во Кочани се реализира проект за климатски промени, финансиран од Еразмус+

Од:

Комуналното претпријатие „Водовод“ и ОУ “Крсте Мисирков“ од општина Кочани заедно со општината Пештера, од Република Бугарија, и локалната администрација од Лудбрег, Република Хрватска, почнаа партнерски проект со кој ќе развиваат транснационален стратешки документ што ги опфаќа темите поврзани со климатските промени.

Проектот „Две и пол минути до полноќ-Иновативен едукативен пристап кон темите за климатските промени во основните училишта“ е финансиран од програмата Еразмус+, а почна со првиот тренинг за наставниците од училиштата од трите градови.

– Овој проект е насочен кон подобрување на знаењата и вештините на наставниците и учениците од основните училишта за подобро да ја разберат науката за климата и да се насочат кон климатските промени и потребата од примена на обновливите извори на енергија во и надвор од училницата. Освен тоа, тие ќе учат како да развијат добар систем на вештини на размислување за предвидувањата за глобалните климатски промени со поттикнување на критички пристап на размислување за главните причини на овој природен феномен, истакна Тодор Кушевски од КЈП “Водовод“ – Кочани.

Претходно, трите страни потпишаа договор за партнерство, а беше формиран проектен Управен одбор. Времетраењето на проектот е 24 месеци со вкупен буџет од 135 илјади евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот