Во Кочани реализран проектот „Книгата патува во домот на секое дете“

Од:

Јавната општинска установа библиотека „Искра“ од Кочани го финализира проектот насловен „Книгата патува во домот на секое дете“ во кој беа вклучени децата од големата група во четирите клона на Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани.

– Целта на проектот е детето мотивирано да ја однесе книгата во својот дом, да ја покаже на родителите и заеднички да разговараат за неа, а потоа своите импресии  да ги стави на цртеж кои ќе бидат дел од изложбата во рамките на проектот, истакна Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар.

Притоа Салтирова истакнува дека родителите одвојуваат време за заедничко читање со своите деца, но овој проект има за цел да биде уште една мотивирачка активност книгата да биде дел од секојдневието на децата.

Цртежите 156 на број, нацртани од децата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ инспирирани од прочитана книга се  поместени на изложба која денеска беше отворена во Библиотеката „Искра“ во Кочани. Со ова се реализира во целост проектот „Книгата патува во домот на секое дете“ кој изминатите денови го спроведоа Детската градинка и Кочанската библиотека.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот